
Фрижидери за вино за вистински вкус
Фрижидерот за вино со две зони или три зони ви овозможува индивидуално да складирате црвени, бели и пенливи вина за да може да уживате во нив на совршената температура. Моделите со една температурна зона ја креираат совршената клима за долгорочно складирање и нежно зреење – така што виното може да се развие целосно за совршената прилика.
Каков фрижидер за вино барате?

Постојани температури во фрижидерите за вино
Кога ги складирате, константна температура помеѓу +10 °C и +12°C е идеална. Ова е кога оптималната температура за пиење станува клучна.


Фрижидерот за вино комбинира прецизна електронска контрола и најсовремена технологија за контрола на климата. До два температурни сензори гарантираат дека вината ќе останат заштитени од секакви промени на температурата. Ако сензорот открие критични девијации, веднаш ќе добиете известување.


Во фрижидерите за вино со две зони или со три зони, различни вина може да се складираат совршено на соодветната температура на пиење. Секој сеф за вино може да се постави независно помеѓу +5 °C и +20 °C.


Со HumiditySelect, влажноста може да се прилагоди во две фази. На фрижидери за вино со HumidityControl, таа може да се постави во опсег од 50 % до 80 % RH* и постојано ја прикажува актуелната вредност. Доколку вредноста падне под 50% RH*, уредот го покажува ова.

За да се обезбеди виното да се чува на воздух со оптимален квалитет, сите фрижидери за вино од Liebherr имаат лесно заменлив филтер со активиран дрвен јаглен што сигурно ги врзува мирисите од различен вид. Секои 6 месеци, уредот ве потсетува да го замените филтерот.

Liebherr ги користи само најквалитетните материјали без штетни или непријатни мириси. На пример, природните полици од буково дрво, бои и пластика без мирис, како во заптивките на вратата, ви гарантираат чист воздух за вината.
Безбедно складирање на виното
Спречувањето вибрации овозможува непречено созревање на виното.

Нашите инженери развија компресори со екстремно ниски вибрации за фрижидерите за вино. Благодарение на придушувањето на вибрациите, преносот на вибрации е ефикасно спречен и вината се чуваат без тресење. Најзабележивиот ефект на ова е колку тивко работи фрижидерот за вино.

Системот за меко затворање SoftSystem обезбедува особено нежно затворање на вратите и ги спречува вибрациите. Од агол на отворање од приближно 45° за самостојни и 30° за целосно вградени апарати, вратата се затвора автоматски за да се одржи температурата во апаратот.

Фрижидерите за вино може да се заклучувааат со механичка брава на вратата. Заклучувањето на екранот, бројните функции за аларм и опциите за поврзување го комплетираат сеопфатниот опсег на безбедносни функции.
Добро осветлени: Фрижидери за вино
Фрижидерите за вино го претставуваат виното во совршено светло. Но, ова доаѓа со одговорноста за заштита на виното од штетните елементи на светлината.

За да се минимизира ефектот од штетното ултравиолетово светло, стаклените врати на сите фрижидери за вино се направени од стакло отпорно на UV-зраци. Во зависност од моделот тоа ќе биде или со двопанелна структура или со три заштитни слоеви.

Користиме висококвалитетни LED-светла за да ја осветлиме внатрешноста. Користениот спектар на LED-светло не содржи никакви штетни ултравиолетови зраци. Дополнително, LED-светлата генерират многу малку топлина, овозможувајќи вината да се осветлуваат подолги периоди без тоа да влијае врз температурата.
Најчесто поставувани прашања за фрижидерите за вино
Идеалните услови за складирање и за зреење вина на постојана температура може да се најдат во фрижидер за вино со една зона. Спротивно на тоа, фрижидерот за вино со две зони ја обезбедува идеалната температура за пиење за да одговара на вашиот личен вкус.
Ако барате фрижидер за вино кој е како вински подрум, моделите во сериите GrandCru и Vinothek се вистинските за вас.
Ако претпочитате фрижидерот за вино да биде како фрижидер за одржување на температурата може да изберете фрижидер за вино со две зони или фрижидер за вино со три зони од моделите Vinidor и Vinothek.
Во развивањето на фрижидерите за вино, размислувавме за совршениот дизајн и совршениот начинн да ја интегрираме паметната технологија и да создадеме совршени услови. Резултатот е фрижидер за вино опремен со најмодерна технологија за контрола на климата за да се обезбедат константни температури на складирање дури кога надворешната температура многу варира, додека специјалното изолирачко стакло ги штити вината од UV-светлина. Филтерот со активен јаглен FreshAir спречува мирисите од надворешниот воздух да влезат во внатрешноста на ладилникот и креира совршен квалитет на воздух.
Вентилаторите произведуваат ниво на влажност во фрижидерот за вино од над 50 %, што ја одржува влажноста на плутата. Ако шишињата вино се чуваат неколку недели или месеци на ниво на влажност под 50 %, плутата се суши, што предизвикува навлегување на кислород во шишето. Под овие услови почнува процес на оксидација и виното се расипува.
„Да“. За да се обезбеди складирање на вината во фрижидер за вино од Liebherr без вибрации, инсталиравме специјално дизајнирани компресори со екстремно ниски вибрации. Тоа гарантира нежно складирање на вината.
Фрижидерот за вино Monolith е кулминација на повеќе од 60 годишно инженерство и искуство на Liebherr во областа на складирање вино, токму како во вински подрум. Уживајте максимално во ексклузивните карактеристики што поставуваат нов стандард за складирање на вината. Напредниот фрижидер за вино нуди многу паметни технологии кои го прават складирањето на вино уште поефикасно, без разлика дали е на краток или на долг период.
Благодарение на супер тивката работа со придушени компресори и коло за ладење со ниска бучава, нашите фрижидери за вино се супер тивки и скоро нечујни.
*За температури во средина за живеење. Како и во многу суви или ладни подруми, препорачуваме да го поддржите системот со наменската кутија за вода од нашиот асортиман на додатоци.



