Ладење и замрзнување

УСЛОВИ НА ГАРАНЦИЈАТА НА КОМПРЕСОРИТЕ на ЛИЕБХЕР ЗА Р. С. MAKEДОНИJA

Лиебхер Хаусгере Марица Лтд (Liebherr - Hausgerete Maritza Ltd), UIC 115278227, со седиште регистрирано на адреса: Радиново 4202, Пловдив, Бугарија, на сопственикот на овој апарат за ладење и/или замрзнување за лична употреба, му дава гаранција за исправно функционирање на производот кој го продава во смисла на Законот за Облигационите односи и Законот за заштита на потрошувачите, според услови и процедура, кои корисникот мора да ги следи за да ја добие гаранција (трговска гаранција за компресорот Liebherr). Овaa гаранција зa компресорот Лиебхер претставува дополнителна гаранција и не ги ограничува правата на купувачот да поведе постапки според правилата за одговорноста на продавачот за недостатоците на предметот против продавачот во случај на дефекти на апаратот.

I. Валидност на гаранцијата

Гаранцијата за компресорот Лиебхер, која важи за апаратите за ладење и/или замрзнување за лична употреба во домаќинствата, важи за територијата на Р.С.Македонија. Апаратите за професионална употреба се исклучени од оваа гаранција.

II. Гарант

Лиебхер Хаусгере Марица Лтд „LIEBHER - HAUSGERETTE MARITZA“ EOOD, UIC 115278227, со седиште регистрирано на адреса Радиново 4202, Пловдив, Бугарија е гарант (лице кое ја обезбедува оваа трговска гаранција).

III. Рок и почеток на гаранцијата на Лиебхер компресорот

1. Гаранцијата се дава за период од 10 години.

2. Гарантниот рок започнува од предавањето на апаратот на купувачот кој го купил апаратот како прв купувач (т.е. го купил апаратот како нов апарат, а не во препродажба од друго лице).

3. Исполнувањето на условите на гаранцијата не го обновува или продолжува гарантниот рок.

IV. Услови за добивање на извршување на трговска гаранција

Лиебхер ја дава гаранцијата доколку купувачот, потрошувачот покаже дека ги исполнил следните предуслови:

1. Апаратот е инсталиран во рамките на гаранцијата.

2. Апаратот е само за лична употреба.

3. Сертификатот за гаранција на Лиебхер компресорот и документот за купување на апаратот се презентирани на персоналот за подршка на клиентите на Лиебхер.

4. Апаратот е правилно регистриран кај Лиебхер во рок од две години од купувањето.

5. Гаранцијата за Лиебхер компресорот неможе да се пренесе и да важи за друг уред.

V. Содржина и опсег на гаранцијата за Лиебхер компресорот

1. Доколку во текот на гарантниот период се појават дефекти во компресорот на апаратот кој може да се докаже дека се должат на материјални или причини поврзани со производството на истиот, тогаш службата за подршка на корисници на Лиебхер или овластен партнер за подршка на корисниците на Лиебхер ќе обезбеди соодветен нов компресор бесплатно во рок од еден (1) месец по известувањето од страна на корисникот, при што гарантот ќе ги сноси придружните трошоци, особено трошоците за работната сила и патните трошоци за инсталација и демонтирање на компресорот, како и за дополнителни материјали за поправка, доколку ги има.

2. Гаранцијата не дава право на истакнување на барања против Лиебхер што го надминуваат опсегот на отстранување на дефектот.

3. За времетраење на гаранцијата на Лиебхер и гаранцијата на Liebherr Plus (доколку има), условите на Лиебхер гаранцијата и Liebherr Warranty Plus (доколку ги има) ќе се применуваат исклучиво.

VI. Исклучување и отплата на гаранцијата

1. Дефекти на компресорот поради:

а) Непочитување на упатствата за работа и/или инсталација, неправилна инсталација и/или неправилно поврзување, злоупотреба, неправилно сервисирање или оптоварување и абење.

б) Надворешни влијанија како што се: .

в) Поправки и модификации кои не се извршени од Лиебхер или од овластено лице партнер за услуги на клиентите на Лиебхер.

2. Гаранцијата на компресорот е ништовна ако табличката, плочката со име на моделот, технички податоци, односно бројот на апаратот е отстранета, манипулиран или нечитлива или ако други делови се инсталирани на апаратот.

VII. Временски рок за поднесување побарувања според гаранцијата

Дефекти на компресорот на Лиебхер, преку поднесување на барање до Лиебхер може да се пријават за време траење на целиот гарантен период кој го покрива оваа гаранција.

VIII. Поднесување на барање

Пријавувањето на дефектите на компресорот на Лиебхер, кој ги покрива оваа гаранција, се пријавува со прикажување на гаранцијата за компресоорт и документ за купување на апаратот на следниот субјект на некој од подолу обезбедените контакти:

„LIEBHER - HAUSGERETTE MARITZA“ EOOD, UIC 115278227,

Лиебхер Хаусгере Марица ЕООД, 115278227 ,со седиште и регистрирана адреса во Радиново 4202, Пловдив, Бугарија

Тел: 00800 50 80 9000

Е-пошта: [email protected]