Сегменти на производи

Внесете го текстот за пребарување

Текст за пребарување

MакедонскиMакедонски
Производот е додаден на вашиот список со желби.
Производот беше успешно додаден во споредбата на производи.
LiebherrЛадење и замрзнување
ЛадилнициЗамрзнувачиФрижидери за виноЗа професионална употребаСервисУживајте во LiebherrДруги сегменти на производиСеверна Македонија (mk)
product image 0
  • Димензии на ниша висина/ширина/длабочина - 102,4 - 104 / 56 - 57 / 55,0 cm

  • Вкупна зафатнина - 166 l

  • Нивото на бучава - 32 dB

EasyFresh

Нашата фиока EasyFresh гарантира свежина на пиљарата во вашиот дом. Без разлика дали е овошје или зеленчук: сè е оптимално зачувано. Благодарение на доброто заптивање, храната ја зголемува влажноста во фиоката. Ова значи дека храната останува свежа подолго време.

Екран на допир

Извонреден допир: Со екранот на допир, ракувањето со Liebherr е лесно и интуитивно. Сите функции се јасно распоредени на екранот. На пример, со лесен допир со прстот може лесно да ги изберете функциите или да ја проверите тековната температура на вашиот фрижидер.

SuperSilent

Пст – слушајте внимателно: Вашиот Liebherr е толку тивок што мора да ги начулите ушите за да го чуете. Како го постигнуваме ова? Сите компоненти за ладење – компресори, вентили, вентилатори и испарувачи се оптимизирани и совршено компатибилни едни со други. Па така, во вашата кујна ќе го слушате само она што сакате.

SuperCool

Сакате вашиот фрижидер да ја одржува оптималната температура, дури и кога ќе ставите продукти кои биле оставени на сонце? Во такви случаи на сцената се појавува SuperCool: Кога ќе се активира, Liebherr ги подобрува своите перформанси сè додека свежата храна не се излади како и останатата содржина. Кога ќе ја постигне целта, SuperCool се исклучува автоматски.

Таванско ЛЕД-осветлување

Таванското ЛЕД-осветлување ја осветлува внатрешноста одозгора – за добар преглед на вашата храна. Екстра осветлено: ЛЕД-диодите се поставени пред стаклените полици така што фрижидерот е добро осветлен дури и кога е полн.

Прилагодување на висината на стаклените полици за поголема удобност

Имате голем сад што треба да го ставите во фрижидер? Тогаш само прилагодете ги висините на стаклените полици. Благодарение на практичното прилагодување на висината, ова ќе го направите брзо и индивидуално – дури и без да ја тргате храната од полицата.

CleaningMode

Досега, при чистење на фрижидерот, моравте да одлучувате: Да го исклучам за да заштедам струја? Или оставам вклучен за подобро да гледам со осветлувањето? CleaningMode ве ослободува од оваа дилема: Ладењето се исклучува, а осветлувањето останува вклучено. Со ова чистењето на Liebherr ќе биде релаксирано.

EnergySaver
Дали сакате во исто време да штедите и енергија и пари? Liebherr знае дека сакате, затоа го вклучи режимот за заштеда на енергија. Кога го активирате EnergySaver, стандардната температура се зголемува за два степени. На вашиот Liebherr му треба уште помалку електрична енергија – а храната останува свежа.
Заклучување на екранот
Осветлените екрани се магнет за децата – тоа го знае и Liebherr. Затоа, има опција за заклучување на екранот: Со неа се спречува ненамерно менување на поставките на вашиот фрижидер. Се разбира, постои можност за деактивирање на заклучувањето на екранот.
HolidayMode
Дали патувате? Ако е така, испратете го Liebherr на одмор: Во HolidayMode вентилаторот и SuperCool се исклучени и фрижидерот ја регулира температурата на +15°C. Ова заштедува електрична енергија, но сепак спречува непријатни мириси. Се разбира, замрзнувачот останува вклучен.
SuperCool
Сакате вашиот фрижидер да ја одржува оптималната температура, дури и кога ќе ставите продукти кои биле оставени на сонце? Во такви случаи на сцената се појавува SuperCool: Кога ќе се активира, Liebherr ги подобрува своите перформанси сè додека свежата храна не се излади како и останатата содржина. Кога ќе ја постигне целта, SuperCool се исклучува автоматски.
Аларм за врата
Алармот за вратата на Liebherr гарантира дека не користите непотребна енергија и не се расипува храната: ако вратата на ладилникот остане предолго време отворена, се активира аларм – пулсирачко светло и предупредувачки тон. Вие одлучувате што значи поимот „предолго“: во зависност од поставката, алармот за вратата се активира по 1, 2 или 3 минути.
SabbathMode
Во Sabbath, сите активности се запрени – ова важи и за електричните уреди. Liebherr го има ова предвид. Во SabbathMode, целото осветлување на ладилникот е исклучено, како и сите тонови, звуци и дисплејот. SabbathMode се деактивира по 80 часа.

Група на производ
Вградлив фрижидер со EasyFresh
GTIN
4016803139478
Series
Pure

*

Во согласност со Регулативата ЕУ 2019/2016 година, вкупниот волумен го претставуваме како цел број (заокружен надолу) и волуменот на одделите за замрзнување и свежа храна со едно децимално место. Целосниот спектар на класи на ефикасност може да се најде на страница 9. Според (ЕУ) 2017/1369 6а. Терминот „волумен“ се однесува на терминот „волумен“ споменат во сегашната регулатива.

Имајте предвид: И покрај внимателното одржување на податоците, го задржуваме правото да правиме технички промени и може да има грешки и отстапувања во содржината на сликата и текстот во споредба со оригиналниот апарат.