Ладење и замрзнување
product image
product image 1
product image 2
product image 3
product image 4
product image
product image 1
product image 2
product image 3
product image 4

DURd 3601 pure

Декоративен фрижидер под шалтер

  • Димензии на ниша висина/ширина/длабочина - 82 - 88 / 60 / 56,0 cm

  • Вкупна зафатнина - 106 l

  • Нивото на бучава - 36 db

Фиока за овошје и зелечнук

Фиоката за овошје и зелечнук ви овозможува да ги чувате свежите производи на практичен и организиран начин. Благодарение на компактниот, но простран дизајн, во фиоката може да чувате големо количество овошје и зеленук. Проѕирната конструкција овозможува лесна видливост и брз пристап, а благодарение на површината што лесно се чисти, одржувањето ќе биде без мака. Совршено за оние што сакаат да имаат свежина и организираност во фрижидерот.

TouchControl

Само со еден допир можете да го поставите вашиот Liebherr на 3, 5, 7, или 9 °C со TouchControl. Толку едноставно - и ефикасно, затоа што тенкото копче е интегрирано во внатрешноста, оставајќи повеќе простор за сите ваши свежи производи.

Внатрешно ЛЕД светло

Страничното ЛЕД светло ја осветлува внатрешноста од страна - обезбедувајќи добар преглед на вашата храна. Уште една функција: ЛЕД светлата на предната страна од стаклените полици се поставени за да може дури и полниот фрижидер да биде добро осветлен.

Полици GlassLine

Ако чувате бокал или висок сад во фрижидерот, не мора да ја вадите целата стаклена полица. А и зошто би ги направиле тоа? Затоа што има стаклени полици што се раздвојуваат. Едноставно лизнете ја предната половина на стакелната полица под задната половина. Тоа ви овозможува да ставите повисоки садови на предниот дел и сепак да имате доволно простор за друга храна.

Универзална фиока

Универзалната фиока претставува совршено место за мали прехранбени производи: На пример, во долниот сад може да чувате туби или мали конзерви на безбеден и организиран начин. Проѕирната фиока не само што обезбедува голем простор, туку е и лесно пристапна. А цврстата површина се чисти многу лесно – со што ќе заштедите време и труд.

Полици на вратата

Уживајте во уште поголемата флексибилност и практичност при чувањето на храната: Двете полици на вратата може да се поместат, а висината може да им се приспособи по потреба. Тоа значи дека конзервите или малите теглички со капак ќе се чуваат на безбедно и лесно достапно место. Освен тоа, полиците од не'рѓосувачки челик изгледаат елегантно.

*

Вредност според глобален стандард (GS)

**

Во согласност со Регулативата ЕУ 2019/2016 година, вкупниот волумен го претставуваме како цел број (заокружен надолу) и волуменот на одделите за замрзнување и свежа храна со едно децимално место. Целосниот спектар на класи на ефикасност може да се најде на страница 9. Според (ЕУ) 2017/1369 6а. Терминот „волумен“ се однесува на терминот „волумен“ споменат во сегашната регулатива.

Имајте предвид: И покрај внимателното одржување на податоците, го задржуваме правото да правиме технички промени и може да има грешки и отстапувања во содржината на сликата и текстот во споредба со оригиналниот апарат.