Сегменти на производи

Внесете го текстот за пребарување

Текст за пребарување

MакедонскиMакедонски
LiebherrЛадење и замрзнување
ЛадилнициЗамрзнувачиФрижидери за виноЗа професионална употребаСервисУживајте во LiebherrДруги сегменти на производиСеверна Македонија (mk)
Производот е додаден на вашиот список со желби.
Производот беше успешно додаден во споредбата на производи.

BluPerformance

Совршено избалансиран: Нашата напредна технологија за ладење BluPerformance

Што е тоа толку иновативно кај моделите BluPerformance: Сите иновативни технологии за ладење ги интегриравме во подножјето на уредот. Како резултат на тоа, уредите со иста големина нудат значително повеќе употреблива површина за складирање. Значи, имате значително повеќе простор за вашите намирници и пијалаци. А исто така, имавме можност дополнително да ја подобриме енергетската ефикасност, благодарение на подобрената вентилација и екстракцијата во основата. Нашите уреди сега се исто така и потивки.

Самостојни уреди со BluPerformance.

Целосно интегрирани уреди со BluPerformance.

Предности на BluPerformance

Повеќе простор за храната

Со BluPerformance, иновативната технологија за ладење е интегрирана во подножјето на уредот. Како резултат на тоа, уредите со иста големина нудат значително повеќе употреблива површина за складирање. За вас, тоа значи: Значително повеќе простор за храната и пијалаците.

Поголема ефикасност благодарение на концептот со подножјето

Со високоефикасните компресори во комбинација со прецизниот електронски контролен систем, уредите се енергетски ефикасни. Енергетската ефикасност дополнително е подобрена, благодарение на подобрената вентилација и екстракцијата во подножјето.

InteriorFit. Перфектно наместено.

Сите апарати BluPerformance се InteriorFit. Тие се вклопуваат во кујната без да зафаќаат многу простор – не им треба вентилационен јаз до ѕидовите или соседниот мебел. Само вратата од фрижидерот навлегува во кујната. Сè друго е невидливо.

Одржувајте ја храната свежа подолго време благодарение на BioFresh

BioFresh ви овозможува да ја одржувате храната свежа подолго време. Како го правиме тоа? Со помош на нашата технологија за свежина којашто создава оптимални климатски услови. Во различни прегради. Уживајте во свежи и сочни овошја и зеленчуци богати со витамини, складирани во околина со висока влажност и на температура нешто повисока од 0°C. Од друга страна, пак, месото кое е полно со ароми, претпочита сува клима и се чува оптимално во преградата Meat & Dairy. Температура под нула стелени, односно -2°C, го продолжува рокот на траење на рибите и морските плодови во преградата Fish & Seafood на Liebherr.