
За добар преглед. Уште пред да го отворите фрижидерот.
Кој уред е погоден за мене? Ова прашање не е секогаш лесно да се одговори.
Затоа ви олеснивме и ја поделивме палетата на производи на четири
серии што можете лесно да ги разликувате. На тој начин, лесно можете да го најдете вистинскиот уред за вас.

За сите основни работи.

Уште повеќе погодности.

Беспрекорен дизајн и материјал.

За секого со исклучителен вкус.

Серија Pure. За сите основни работи.
Серијата Pure е нашата основна класа. Едноставни, чисти и совршено опремени за сите основни потреби. Кујнските уреди од серијата Pure се сведени на најосновните потреби. Но, со апсолутно највисоко ниво на квалитет од Liebherr.

EasyFresh.
Нераспакуваните овошја и зеленчуци тука се чувствуваат како дома. На иста температура како во преградата за ладење и херметички затворена во сефот, зелената салата, на пример, е сè уште крцкава и свежа дури и по 5 дена.

Поврзување.
Сакате да биде подготвени за паметниот дом на иднината? Вашиот Liebherr со задоволство ќе ви помогне: Сите наши нови модели вградени уреди се или веќе вмрежени во фабриката или може да се поврзат на WLAN преку SmartDeviceBox подоцна.

Екран на допир.
На дофат на прстите: Екранот на допир овозможува лесно и интуитивно ракување со Liebherr. Сите функции се јасно подредени на екранот. Нежен допир со прстот е сè што е потребно за да се изберат функциите.
Целосно вградени уреди од серијата Pure:
Димензии на ниша висина/ширина/длабочина 194 - 195 / 71 - 72 / 56,0 cm
Вкупна зафатнина 359 l
Димензии на ниша висина/ширина/длабочина 194 - 195 / 71 - 72 / 56,0 cm
Вкупна зафатнина 359 l

Plus-серија. Уште поудобно.
Серијата Plus е надополнување на серијата Pure и содржи импресивни дополнителни детали. Plus овде, пред сè, значи плус во погодностите. Овие вградени уреди не само што се првокласни во ладење и замрзнување, туку се и малку попаметни. Тие ви помагаат многу мануелни задачи да ги правите полесно.

BioFresh
Со докажаната технологија BioFresh, храната може да се чува на нешто малку над 0°C. На совршена влажност, овошјето и зеленчукот во херметичката преграда Fruit & Vegetable се одржуваат свежи подолго време. Месото, рибата и млечните производи се во најдобри раце во преградата Meat & Dairy.

Систем за меко затворање SoftSystem.
Благодарение на SoftSystem, вратата на фрижидерот се затвора тивко и безбедно само со нежно туркање. Шишињата што се чуваат во внатрешната врата остануваат безбедни – ништо не се тресе и не тропка.

IceMaker.
Правите забава? Тоа не е никаков проблем. IceMaker произведува до 130 коцки мраз на ден, обезбедувајќи изобилство мраз за изладени коктели и освежувачки пијалаци - совршениот додаток на успешна летна забава во градината.
Целосно вградени уреди од серијата Plus:
Димензии на ниша висина/ширина/длабочина 194 - 195 / 71 - 72 / 56,0 cm
Вкупна зафатнина 347 l
Димензии на ниша висина/ширина/длабочина 194 - 195 / 56 - 57 / 55,0 cm
Вкупна зафатнина 323 l

Серија Prime. Непогрешлив печат во поглед на дизајнот и на материјалот.
Серијата Prime е класа. Таа дава карактеристичен впечаток кога станува збор за дизајн и материјал. Пред сѐ, употребата на материјали со врвен квалитет за внатрешноста на самостојните уреди, како на пример, не’рѓосувачки челик. Специјалните решенија за осветлување ги прават уредите од оваа серија вистински привлечни за очи.

LightTower.
Уживајте во убаво осветлената внатрешност: LightTower ви ја прикажува храната и пијалаците со идеално осветлување, а позиционирано е така што го осветлува скоро целиот фрижидер, дури и кога е полн.

Екран Touch & Swipe.
Вашиот Liebherr го прави тоа што ќе му го кажете: Екранот Touch & Swipe овозможува лесно и интуитивно ракување. Само одберете функција како што е SuperCool на екранот во боја со допирање и лизгање.

Заден ѕид SmartSteel.
Елегантниот заден ѕид SmartSteel му дава на Liebherr екслузивен финиш. И продуктите од пазар исто така ќе го сакаат SmartSteel, затоа што не’рѓосувачкиот челик е безбеден за храната и е хигиенски. Исто така, SmartSteel ја намалува видливоста на отпечатоците.
Целосно вградени уреди од серијата Prime:
Димензии на ниша висина/ширина/длабочина 194 - 195 / 71 - 72 / 56,0 cm
Вкупна зафатнина 349 l
Димензии на ниша висина/ширина/длабочина 194 - 195 / 56 - 57 / 55,0 cm
Вкупна зафатнина 325 l

Серија Peak. За секого со исклучителен вкус.
Серијата Peak е врвна серија. Иновативната технологија Liebherr одговара на врвниот дизајн и решенијата за удобност од врвна класа. Без компромис. Самостојните уреди од оваа серија се за луѓе со најголеми очекувања.

BioFresh со HydroBreeze.
Ладете ги овошјата и зеленчуците исто како професионалците со HydroBreeze, со студена пареа и на темепратура од 0°C, коишто на храната ѝ даваат подолготрајна свежина. BioFresh Professional Safe е дополнителен визуелен додаток.

InfinitySpring.
Чешма со свежа, ладна вода во вашата сопствена кујна: InfinitySpring звучи премногу добро за да биде вистинито. Диспанзерот за вода овозможува пуштање вода без капење и ви обезбедува свежа, студена вода.
Со ова се заштедува купување шишиња вода и ги намалува трошоците за транспорт, складирање и отстранување.

Фиоки на фрижидер OpenStage.
Ајде да ги разгледаме сите: Различните висини ви го олеснуваат складирањето на храната со различна големина. Проѕирните фиоки GlassLine ви обезбедуваат непречен поглед до сѐ, од горе до долу.
Целоцно вграден уред од серијата Peak:
Димензии на ниша висина/ширина/длабочина 177,2 - 178,8 / 56 - 57 / 55,0 cm
Вкупна зафатнина 246 l
Димензии на ниша висина/ширина/длабочина 177,2 - 178,8 / 56 - 57 / 55,0 cm
Вкупна зафатнина 246 l
*Стандардната опрема наведена погоре може да варира во зависност од моделот. Информациите може да ги најдете на индивидуалната страница за производот.