
Сандаци за длабоко замрзнување
Сандаци за длабоко замрзнување се нови сестрани работници.
Сандаците за длабоко замрзнување на Liebherr нудат доволно простор за чување на сите ваши намирници. Тие се познати не само по големиот волумен, туку и по нивната економична потрошувачка. Системот StopFrost значително го намалува создавањето мраз врз замрзнатите намирници, додека механизмот за меко затворање SoftSystem овозможува нежно затворање на капакот на сандакот за длабоко замрзнување. Истовремено, штделивите LED-светилки обезбедуваат оптимално осветлување. Со други зборови: не штедите енергија само преку осветлувањето, туку исто така и при отворањето и затворањето. Не е ниту премногу ладно ниту премногу топло за храната - ниту, пак, е премногу бучен, ниту бара премногу од вас.
Што ви е важно кога станува збор за сандаци за длабоко замрзнување?
Знаеме дека имате високи стандарди кога се работи за вашите фрижидери и замрзнувачи. Тука настапуваме ние. Покрај високите перформанси, зачувувањето на ресурсите е исто така многу важно. Што ако ви кажеме дека го имаме вистинскиот замрзнувач за вас, којшто исто така е и многу тивок? Со традиција и потребното знаење, развиваме сандаци за длабоко замрзнување што не ви ги трошат парите и времето, а истовремено се максимално тивки и ефикасни.

Нашите сандаци за длабоко замрзнување ретко имаат потреба од одмрзнување.
Знаеме дека во вашето динамично и често стресно секојдневие, не секогаш имате време редовно да го одмрзнувате сандакот за длабоко замрзнување. Системот StopFrost во голема мерка ве поштедува од оваа задача за која е потребно време. Во сандакот за длабоко замрзнување сакате да гледате замрзнати намирници, а не наслаги од мраз и лед. Со нашите сандаци за длабоко замрзнување, единствениот мраз во кој ќе уживате е мразот во пијалакот.

Сандаците за длабоко замрзнување на Liebherr се ненадминливи во поглед на ефикасноста.
За да развиеме ефикасни сандаци за длабоко замрзнување, потребни се паметни умови коишто ќе го решат овој проблем холистички. Токму затоа, нашите инженери сакаат да комбинираат повеќе идеи истовремено. Верувајте му на нашиот пристап базиран на потребните и чувајте повеќе храна во енергетски ефикасни и тивки уреди.

Нашите сандаци за длабоко замрзнување нудат дополнително ниво на практичност.
Нежно затворање за заштита на храната: SoftSystem. Механизамот за нежно затворање овозможува замрзнувачите да се затвораат тивко и нежно. Паметен и иновативен дизајн којшто ве штити вас и луѓето околу вас од непотребна изложеност на бучава.

Нашата комплетна палета на сандаци за длабоко замрзнување.
За да му го понудиме вистинскиот производ на секој клиент, имаме разновидна палета на производи. Затоа, издвојте малку време за да откриете кој модел најмногу одговара на вашите потреби и на вашиот дом. Нашата практична функција за филтрирање ви го олеснува стеснувањето на изборот. Во Liebherr, ќе најдете сандаци за длабоко замрзнување кои се ненадминати кога станува збор за безбедноста.
Од сандаци за длабоко замрзнување со разладувачи на вино: краток преглед на сите наши самостојни уреди.
Откријте ја целата палета на самостојни производи: Ладење. Замрзнување. Одржување.
Најчесто поставувани прашања за нашите сандаци за длабоко замрзнување.
FrostProtect ви овозможува да го поставите вашиот замрзнувач во која било просторија, дури и во незагреана. Благодарение на FrostProtect, замрзнатите намирници можат безбедно да се чуваат дури и при екстремно ниски температури на околината, до -15 °C. Замрзнатите намирници и понатаму ви се добро заштитени, без зголемување на трошоците за електрична енергија, бидејќи нашите замрзнувачи продолжуваат да работат ефикасно.
Благодарение на системот SmartFrost, нашите фрижидери работат навистина ефикасно. Нашите фрижидери SmartFrost се добро изолирани, што во голема мерка го намалува нафаќњето мраз во внатрешноста. Овие уреди треба да се одмрзнуваат најмногу на неколку години. Мазните внатрешни ѕидови уште повеќе го олеснуваат чистењето. На крај, испарувачот, којшто е вграден и обвиткан со пена за изолација, не само што обезбедува еднакво ладење, туку е и познат по својата висока енергетска ефикасност.
Сите наши сандаци за длабоко замрзнување имаат звучен сигнал за предупредување. Овој сигнал се огласува кога температурата на замрзнувачот не е доволно ниска или кога вратата или капакот се предолго отворени. Можни причини за зголемување на температурата би можеле да бидат навлегување топол воздух од околината, подолг прекин во снабдувањето со електрична енергија или расипан уред. Звучниот сигнал може да се исклучи со допирање на екранот. Меѓутоа, сигналите за предупредување се разликуваат во зависност од индивидуалните модели. На пример, пораките за предупредување кај некои наши модели може да изгледаат различно. Поради оваа причина, погледнете во упатствата за работа за вашиот модел, во случај кога не сте сигурни. Лесно може да ги разгледате онлајн.
Намирниците најдобро се чуваат во сандаците за длабоко замрзнување на температура од -18 °C. За да останат замрзнати подолго време и да го задржат свежиот вкус по одмрзнувањето, секогаш проверувајте дали температурата е правилно поставена. Температура под -18°C непотребно троши електрична енергија и не го продолжува рокот на траење на храната.
На дополнителни прашања за нашите производи одговараме во Често поставувани прашања.
Дали имате прашања или ви треба совет?
Дали барате нов фрижидер или замрзнувач? Само кажете ни што е важно за вас и ние ќе го најдеме вистинскиот модел за вашите индивидуални потреби. Дали веќе имате некој од нашите фрижидери или замрзнувачи и би сакале совет за начинот на употреба и за ракувањето? Обратете ни се. Со задоволство ќе ви помогнеме.
Можете да ни се јавите по телефон од понеделник до петок, од 8:30 до 17:00 часот.



