
Мали фрижидери
Нашите мали фрижидери комбинираат ефикасност и иновативност во компактен дизајн – идеални за мали простории. Тие се комбинација на високи перформанси и модерна опрема. Прецизната координација на сите компоненти гарантира тивко и ефикасно ладење кај малите фрижидери, без разлика дали се со или без преграда за замрзнување.
Каков фрижидер барате?
Мал фрижидер BioFresh
Популарни мали фрижидери

Мали целосно вградени фрижидери, мали целосно вградени фрижидери со простор за чување вино и мали целосно вградени замрзнувачи од Liebherr
Како да изберам мал фрижидер?
Кога купувате мал фрижидер, имајте на ум што ви треба лично вам, односно имајте ги на ум висината и ширината, потрошувачката на енергија и нивото на бучава.
Го нудиме најголемиот асортиман на мали фрижидери во Европа во однос на висината и ширината, што значи дека веројатно имаме соодветен апарат за вашиот простор.
За оние кои особено сакаат да ја зачуваат свежината на производите, нашите мали фрижидери доаѓаат со една или две фиоки BioFresh или EasyFresh, во зависност од тоа колку се високи.
Ако ви треба дополнителен простор за замрзнување, имаме и мали фрижидери со преграда за замрзнување.

Фрижидер од Liebherr од не'рѓосувачки челик
Кои се карактеристиките за квалитет на еден мал фрижидер?
- Енергетска ефикасност
- Технологии за свежина BioFresh или EasyFresh
- Замрзнувач со 4 ѕвездички
- Тивко работење
- Флексибилен внатрешен дизајн
- Решение за поврзување со SmartDevice
- Работни елементи кои се едноставни за користење
Мал фрижидер: Често поставувани прашања
Тука ќе најдете одговори на прашања на најразлични теми, како што се нивото на бучава, колку често треба да вршите одмрзнување, совети за инсталација, кои се оптималната температура и потрошувачката на енергија на фрижидерите од Liebherr.Потрошувачката на енергија на мал фрижидер зависи од моделот и од употребата. Во Liebherr, се стремиме кон висока класа на енергетска ефикасност за нашите самостојни и целосно вградени мали фрижидери како би имале мала потрошувачка на енергија. Некои од нашите нови апарати веќе се наоѓаат во класите за енергетска ефикасност А и В. Деталните информации за потрошувачката на енергија за нашите апарати, на дневно и годишно ниво, може да ги најдете во делот за технички податоци на соодветните страници со детали за производот.
Потрошувачката на енергија кај нашите мали фрижидери се одредува со стандардизирани индустриски тестови. Притоа се земени предвид различни начини на употреба за да се осигури дека се добиени реални просечни вредности. Специфичните вредности за потрошувачка за секој од нашите модели може да ги најдете во делот за технички податоци на соодветните страници со детали за производот. Со тоа, лесно може да го изберете вашиот апарат според вашите потреби.
Нивото на бучава кај малите фрижидери е дизајнирано за максимална удобност. Апаратите може да ги ставите во простории каде што редовно престојувате, без да ви пречат кога ќе сакате да работите, да читате или едноставно да се опуштите. Повеќето од нашите фрижидери се прилично тивки додека работат, при што нивото на бучава е помало од 35 dB. Кај некои од нашите модели нивото на бучава е UltraSilent и е помало од 30 dB. Ваквите фрижидери ги препорачуваме за домови или канцеларии без преградни ѕидови, каде што е особено важно јачината на звуците да биде мала.
Поконкретни информации може да најдете на страницата со детали за производот за апаратот што сте го избрале. Тука се наведени соодветните вредности за децибели за да сте сигурни дека вашиот нов апарат е во согласност со вашите барања во поглед на бучавата во позадина.
Колку често треба да се одмрзнува преградата за замрзнување на еден мал фрижидер зависи од тоа колку често таа се отвора. При секое отворање ќе влезе малку влага. Нашите мали фрижидери со замрзнувач со 4 ѕвездички се опремени со SmartFrost технологијасо која значително се намалува таложењето мраз. Во зависност од тоа колку често се отвора преградата за замрзнување, би требало да се одмрзнува еднаш до трипати годишно.
Кога монтирате мал фрижидер, важно е да го поставите на рамна и стабилна површина, соодветно оддалечен од извори на топлина како што се грејачи и рерни. Овозможете слободна циркулација на свежиот и издувниот воздух и поставете го апаратот подалеку од директна сончева светлина за да не дојде до акумулација на топлина.
Проверете дали сите приклучоци се правилно инсталирани и дали фрижидерот го собира во вдлабнатината за монтирање. Важно е да можете да ја отворите вратата и лесно да пристапите до апаратот.
Деталните информации може да ги најдете во упатството за употреба за вашиот апарат на Liebherr.
Оптималната температура за мал фрижидер зависи од тоа каква храна чувате и со која намена. На пример, ако сакате да чувате путер кој лесно ќе се мачка, температурата треба да биде малку повисока. За путерот да остане свеж што е можно подолго, треба да го чувате на најниската можна температура. За да имате ваков избор, температурата во преградата за замрзнување во нашите мали фрижидери лесно може да се постави помеѓу 2 и 9 °C.
Некои од нашите мали фрижидери имаат фиоки BioFresh. Нивната температура е малку повисока од 0 °C и се со флексибилна влажност на воздухот, што ги прави совршени за чување одредени прехранбени производи, како што се овошје и зеленчук, месо и млечни производи.
Многу од нашите фрижидери имаат фиока EasyFresh за чување овошје и зеленчук. Температурата во овие фиоки е иста како и во останатиот дел од фрижидерот, но влажноста во фиоката EasyFresh е повисока благодарение на херметичкото затворање. Со ова, ефикасно се зачувуваат свежината и нутритивноста на неспакуваните овошје и зеленчук, особено ако е избрана ниска температура.
EasyFresh и BioFresh нудат различни решенија за чување храна во мал фрижидер. Температурата во фиоката EasyFresh е иста како и во останатиот дел од фрижидерот. Нејзината клучна карактеристика е што може да одржи повисок степен на влажност благодарение на херметичкото затворање. Ова подразбира дека фиоката EasyFresh е повеќе од само обична фиока за салата, бидејќи високата влажност ефикасно ја задржува свежината на неспакуваните овошје и зеленчук.
Спротивно на тоа, фиоките BioFresh имаат специфично прилагодени климатски услови за различни видови прехранбени производи. Температурата во овие фиоки за овошје и зеленчук или месо и млечни производи е нешто над 0 °C. Овие ниски температури се идеални за чување различни видови прехранбени производи. Во фиоката за месо и млечни производи се одржува сува клима за ароматично месо, додека пак во фиоката за овошје и зеленчук има поголема влажност на воздухот за овошјето и зеленчукот благодарение на херметичкото затворање.
Работниот век на фрижидерот зависи од различни фактори меѓу кои и начинот на кој го користите фрижидерот и како го одржувате. Сите наши мали фрижидери се направени да работат 15 години.
Кога ќе прекинеме со производството и продажбата на апаратот, ветуваме дека резервните делови ќе останат достапни 15 години. Тоа значи дека ако еден модел се произведува и продава 5 години, резервните делови ќе останат достапни уште најмалку 15 години, што вкупно би било најмалку 20 години.
Во нормални работни услови можете да очекувате фрижидерот на Liebherr ефикасно да работи долги години. Генерално, можеби би било паметно да ги замените постарите модели поради нивната потрошувачка на енергија. Препорачуваме секогаш да се придржувате до упатствата за одржување дадени во упатството за употреба за да осигурите долг работен век на вашиот апарат.
Малиот фрижидер кога е поврзан со WiFi нуди значителни предности за едно модерно домаќинство. Соапликацијата SmartDevice или преку вашиот паметен домашен систем може да останете поврзани со вашиот паметен фрижидер Liebherr секаде и во секое време. Тоа ви овозможува да ја видите тековната состојба на апаратот, да ги контролирате практичните карактеристики и да добивате важни статусни пораки. Известувањата може да ги добивате директно на вашиот паметен телефон, на пример ако вратата од фрижидерот е отворена. Поврзувањето нуди дополнителна удобност, поголема безбедност на храната и може да ви помогне да заштедите енергија.
Опремата и карактеристиките на нашите мали фрижидери.
Многу од нашите мали фрижидери се поврзани со WiFi преку SmartDevice и може полека и тивко да се отвораат и затвораат. Паметните карактеристики и дополнителната опрема нудат удобност и флексибилност.

Ладењето во малите фрижидери е засилено и ќе ја достигне температурата за најмногу 12 часа.

Овозможува интуитивно ракување со фрижидерот преку допирање на јасниот екран.
Дали имате прашања или ви треба совет?
Дали барате нов фрижидер или замрзнувач? Само кажете ни што е важно за вас и ние ќе го најдеме вистинскиот модел за вашите индивидуални потреби. Дали веќе имате некој од нашите фрижидери или замрзнувачи и би сакале совет за начинот на употреба и за ракувањето? Обратете ни се. Со задоволство ќе ви помогнеме.
Можете да ни се јавите по телефон од понеделник до петок, од 8:30 до 17:00 часот.



