Ладење и замрзнување
kühl- gefrierkombination a

­Фрижидер и замрзнувач­ од класа А

Повеќе свежина. Помалку енергија.

Доброто чувство кога вадите свежо овошје и крцкав зеленчук од фрижидер штотуку стана уште подобро. Новите комбинации на фрижидер и замрзнувач од Liebherr одат чекор понатаму: Одличната енергетска ефикасност и софистицираната технологија за свежина овозможуваат двојна заштеда. Исто како и нашата гаранција за долготрајност на производите.

Нашите комбинации на фрижидер и замрзнувач од енергетската класа А со највисоко ниво на енергетска ефикасност.

  • Надворешни димензии: висина / ширина / длабочина 201,5 / 59,7 / 67,5 cm

  • Вкупна зафатнина 360 l

  • Надворешни димензии: висина / ширина / длабочина 185,5 / 59,7 / 67,5 cm

  • Вкупна зафатнина 320 l

  • Надворешни димензии: висина / ширина / длабочина 201,5 / 59,7 / 67,5 cm

  • Вкупна зафатнина 360 l

01/03

Нашето ветување за квалитет. Направено да трае.

Liebherr го цени бескомпромисниот квалитет - до најмалото шрафче. Безвременскиот дизајн, кој никогаш не ја губи својата елеганција, е знак и за нашата јасна посветеност кон долготрајноста.

qualität liebherr

Долготраен квалитет.

Во Liebherr, размислувањето однапред не значи да се гледа само А на налепницата за енергија. Сигурните и долготрајните уреди се темел на нашата филозофија. Бидејќи колку подолго новата комбинација на фрижидер и замрзнувач од Liebherr работи ефикасно, толку подобро за околината и за вашиот паричник.

nachhaltige lebensmittellagerung

Одржливо складирање намирници.

Со иновативни технологии за свежина, Liebherr ви овозможува складирање на храната на најдобар можен начин. На овој начин избегнувате предвремено фрлање храна и значително го намалувате отпадот. А благодарение на преградите BioFresh, не мора да пазарите толку често.

Особено пространите прегради со нула степени ги одржуваат свежи овошјето и зеленчукот, месото, рибата и млечните производи многу подолго отколку во конвенционалните фрижидери.

effiziente leistung

Ефикасни перформанси.

Со мала потрошувачка на енергија од само 116 kWh годишно, комбинациите на фрижидер и замрзнувач Liebherr рангирани во класа А ви помагаат да заштедите вредна енергија и пари. Овие врвни вредности се постигнуваат преку употреба на висококвалитетни вакуумски изолациони плочи. За разлика од вообичаените алтернативи, пллочите што ги користи Liebherr, помагаат и за одржување на ниското ниво на потрошувачка на енергија дури и по долги години на употреба.

Нашата пасија: Ладење. Замрзнување. Одржливост.

nachhaltigkeit energieeffizienz

Цели за одржливост

Нашите апарати се добро осмислени до последниот детаљ, исклучително ефикасни и особено одржливи. Изработени според највисоките спецификации за енергетска ефикасност за да се заштити околината. Доверливите партнери размислуваат заедно со вас и ве поддржуваат во секојдневниот живот. Дознајте што можат да направат нашите шампиони за ефикасност за вас.

qualität liebherr

Ветување за квалитет

Повеќе од 60 години, ние сме специјалисти за висококвалитетни фрижидери и замрзнувачи. Квалитетот на производите претставува цврста основа за големата доверба на потрошувачите во брендот Liebherr.

freshmag

Списание за свежина „FreshMAG“

Откријте го светот на свежината со апаратите за домаќинство Liebherr! Најнови вести, актуелни теми, трендови во исхраната, рецепти, совети за складирање намирници и многу други работи.

Брза испорака

Сигурна и брза испорака.

Безбедно плаќање

265bit SSL шифрирано плаќање.

Дали имате прашања или ви треба совет?

Дали барате нов фрижидер или замрзнувач? Само кажете ни што е важно за вас и ние ќе го најдеме вистинскиот модел за вашите индивидуални потреби. Дали веќе имате некој од нашите фрижидери или замрзнувачи и би сакале совет за начинот на употреба и за ракувањето? Обратете ни се. Со задоволство ќе ви помогнеме.

Можете да ни се јавите по телефон од понеделник до петок, од 8:30 до 17:00 часот.

Телефонска линија

00800 50 80 9000

Стапете во контакт со нас

Во формуларот за контакт

Нашите сервисни партнери

Најдете сервисни партнери