Ладење и замрзнување

Француска врата: врвна, до најмалото шрафче

Во Liebherr размислуваме амбициозно, дури и за најмалото шрафче. Нашата комбинација од фрижидер и замрзнувач со француска врата нуди долготраен квалитет. Нашите фрижидери со француска врата ќе бидат вистинско богатство во вашата кујна, со дизајнот и паметните иновативни функции што ја зачувуваат храна свежа подолго време. Кога велиме дека е извонреден, зборуваме и за најмалото шрафче.

Преглед на нашите фрижидери со француска врата

Француска врата со челичен дизајн од висок квалитет

Француска врата BlackSteel
Елегантната, црна површина од не'рѓосувачки челик привлекува внимание и убаво изгледа во темна просторија.
Француска врата TerraSteel
Ексклузивен дизајн, пријатен на допир: TerraSteel извонредно одговара со природни материјали и нуди софистициран изглед.
Француска врата SmartSteel
Безвременскиот, светол не'рѓосувачки челик одговара со разновидни видови ентериер.

Дизајн што се истакнува, одвнатре и однадвор:

MoodLight

Разубавете го просторот за живеење со MoodLight. Индиректното осветлување што може да се затемнува на центарот Water & Ice и вдлабнатите држачи му даваат особено стилска атмосфера на вашиот дом.

01/03

Карактеристики на нашите фрижидери со француска врата

DuoCooling

Со две одделни кола за ладење, DuoCooling овозможува да нема размена на воздух помеѓу фрижидерот и замрзнувачот. Храната ниту се суши ниту, пак, миризбата се проширува.

BioFresh

Оптимални услови: Во фиоките BioFresh, овошјето и зеленчукот, како и месото и млечните производи, остануваат свежи значително подолго.

BioFresh со HydroBreeze

HydroBreeze ќе ве воодушеви: Ладната магла, заедно со температурата во фиоката што изнесува малку над 0 °C овозможува храната да остане свежа подолго.

Зона VarioTemp

Уживајте во извонредната флексибилност при складирањето храна. Може да ја поставите зоната VarioTemp на прецизна температура помеѓу −18 и −10 °C и помеѓу −2 и +5 °C, што значи дека може флексибилно да ја користите за замрзнување или ладење по потреба.

Паралелно извлекување

Паралелното извлекување ви овозможува да ги отворате фиоките на замрзнувачот Liebherr лесно и непречено.

InfinitySpring

Диспензерот за вода InfinitySpring ви обезбедува свежа, разладена вода без да претече една капка. Само притиснете го панелот со бокалот или со чашата.

Резервоар и филтер за вода

Уживајте во пиењето здрава и чиста вода од чешма благодарение на филтерот за вода.

NoFrost

NoFrost го заштитува замрзнувачот од наталожување мраз. Ова значи дека никогаш повеќе нема да мора да го одмрзнувате замрзнувачот: ќе заштедите пари и енергија.

Технологии за свежина

Иновативна технологија за складирање храна на најдобриот можен начин

Енергетска ефикасност

Помала потрошувачка на енергија за да заштедите вредна енергија

Одличен дизајн

Подобрена леснотија за користење и безвременски, класичен дизајн

Германско инженерство

Висок квалитет и техничка стручност од 1954 година

Дали имате прашања или ви треба совет?

Дали барате нов фрижидер или замрзнувач? Само кажете ни што е важно за вас и ние ќе го најдеме вистинскиот модел за вашите индивидуални потреби. Дали веќе имате некој од нашите фрижидери или замрзнувачи и би сакале совет за начинот на употреба и за ракувањето? Обратете ни се. Со задоволство ќе ви помогнеме.

Можете да ни се јавите по телефон од понеделник до петок, од 8:30 до 17:00 часот.

Телефонска линија

00800 50 80 9000

Стапете во контакт со нас

Во формуларот за контакт

Нашите сервисни партнери

Најдете сервисни партнери