Ладење и замрзнување

Енергетска ефикасност фрижидери, замрзнувачи и комбинирани фрижидери и замрзнувачи

Вие погрижете се за тоа што го јадете. Ние ќе се погрижиме за останатото.

Нашите фрижидери се постојано на врвот на листите. И не само во смисла на економичност.

Нашите шампиони за ефикасност се навистина сестрани. Покрај малата потрошувачка на енергија, тие имаат и импресивно ниско ниво на бучава, многу простор за храна, долг работен век и доволно резерви на енергија за тогаш кога е навистина потребно.

Кога станува збор за ефикасноста, не обрнуваме внимание само на еден фактор. Се фокусираме на неколку во исто време. Или со други зборови: веруваме дека сите добри работи доаѓаат во комплет од по пет.

Потрошувачка на енергија: се држиме до зелено

Нашите високо енергетски ефикасни апарати ви овозможуваат да придонесете кон заштита на животната средина. Заштедата на ресурси значи и намалување на емисиите на CO2. Меѓутоа, со Liebherr ќе имате и чиста совест. На пример, користиме природни средства за ладење. И во производството ги исполнуваме своите обврски кон заштитата на животата средина. На пример, целосно ги префрлуваме европските производни капацитети на зелена енергија.

Намалете ја електричната енергија. Не моќноста.

Звучи контрадикторно: ја намалуваме потрошувачката и трошоците за енергија додека моќноста останува иста. Како функционира тоа? Како прво, нашите сензори стануваат сѐ поинтелигентни. Тоа постојано го прилагодува капацитетот за ладење на моменталната употреба. Апаратите од Liebherr ги користат своите целосни резерви на енергија кога е апсолутно неопходно, на пример, за ладење на голема количина храна по еднонеделното купување.

Тишината е злато.

Во современите концепти на живеење, кујната и просторот за живеење сѐ повеќе се спојуваат. Затоа нашите апарати ја одржуваат бучавата на минимум и се тивки како да шепотат. Во некои случаи, се постигнува дури и ултративко ниво од 29 dB. Имаме повеќе од 40-годишно искуство во акустички истражувања и најсовремени простории за звучни мерења, каде што сите наши апарати мора да поминат интензивни акустички тестирања. Застануваме само кога тие ќе поминат.

Голем колку што сакате: нашиот волумен за ладење

Го имаме вистинскиот уред за сите семејни големини, животни ситуации и простори. Од екстра големи фиоки до најмали детали, се грижиме да не отстапиме ниту еден литар простор, на пример, со користење решенија за осветлување вградени во куќиштето за заштеда на простор. Накратко: Со Liebherr може да бидете сигурни дека ќе имате доволно простор - за сѐ што сакате и повеќе.

Лади и лади и лади.

Може да се потпрете на нашите фрижидери. Во секое време. Вршиме тестирања за да обезбедиме дека функционалните делови имаат век на употреба од 15 години. А во случај на проблем, гарантираме дека ќе има резервни делови долгорочно. Затоа долги години ќе уживате со Liebherr. Ова оди во прилог и на животната средина. Тоа е така бидејќи со долгиот век на употреба значително се намалува потрошувачката на енергија и ресурси.

01/05

Иста ефикасност. Различна ознака.

Со новата енергетска ознака за електронски апарати од 1 март 2021 година.

Претходната ознака за енергија нудеше само ограничена помош при одлучувањето што да купите. Освен класа А, имате и класи A+, A++ и A+++. Новата ознака ве штити од четврт или петти плус. Апаратите повторно се рангираат на скала за ефикасност од „А“ до „G“.

Што значи новата ознака за Liebherr?

Воведувањето на новите ознаки ја забрза нашата иновативна дејност. Повторно ги оптимизиравме апаратите за да ги ставиме во најдобрите класи на ефикасност на пазарот. Но сакаме да ги подобриме дури и овие врвни резултати. Затоа работиме за вас на иновациите од иднината.

Еве како изгледа новата ознака за енергија од ЕУ.

1. QR-кодот за идентификување на производот во базата на податоци на ЕУ EPREL (Европска база на податоци за енергетски ознаки за производи).

2. Идентификаторот на моделот заради рачна идентификација на производот во базата на податоци на ЕУ EPREL, на пр. преку бројот на артиклот.

3. Новата скала за ефикасност „А“ до „G“. Меѓутоа, „G“ е наменето само за ладилници за вино.

4. Вкупниот волумен на сите прегради за замрзнување.

5. Вкупниот волумен на сите капацитети за ладење и на преградите за ладење.

6. Нивото на бучава сега е класифицирано во класите од „A“ до „D“.

Откријте ги нашите најефикасни работници.

Нашите фрижидери користат многу малку електрична енергија. Не е чудо што многу апарати од Liebherr може да се најдат во најекономичните класи за енергетска ефикасност. Ваквата ефикасност има две предности: ја штитат животната средина. И ви ја намалуваат сметката за електрична енергија. Пониската потрошувачка нема влијание врз ладењето: храната ќе ви остане сигурно свежа подолго.

  • Надворешни димензии: висина / ширина / длабочина 145,5 / 69,7 / 76 cm

  • Вкупна зафатнина 260 l

  • Надворешни димензии: висина / ширина / длабочина 201,5 / 59,7 / 67,5 cm

  • Вкупна зафатнина 360 l

  • Надворешни димензии: висина / ширина / длабочина 185,5 / 59,7 / 67,5 cm

  • Вкупна зафатнина 320 l

  • Надворешни димензии: висина / ширина / длабочина 201,5 / 59,7 / 67,5 cm

  • Вкупна зафатнина 360 l

01/04

Дали имате некакви прашања?

Како точно се определуваат новите класи на енергетска ефикасност? Која технологија го прави фрижидерот апарат што штеди енергија? Како можеме да ви помогнеме да дадете свој придонес кон заштитата на животната средина? Какво и да имате прашање за новата енергетска ознака, со задоволство ќе ви го одговориме. Со нетрпение очекуваме да ни пишете: [email protected]