Ладење и замрзнување
  • Димензии на ниша висина/ширина/длабочина - 177,7 - 179,3 / 56 - 57 / 55,0 cm

  • Вкупна зафатнина - 213 l

  • Нивото на бучава - 33 dB

NoFrost

Кога ќе го отворите вашиот замрзнувач, сакате да видите замрзната храна, а не мраз. NoFrost го штити замрзнувачот од несаканиот мраз, со кој се троши многу енергија и понекогаш е скапо. NoFrost значи: Нема повеќе макотрпно и долготрајно одмрзнување на замрзнувачот, ќе имате повеќе време за други работи и ќе заштедите пари.

AutoDoor

Вашиот Liebherr ви дава одврзани раце: Благодарение на AutoDoor, можете да го отворите со тропање или гласовна команда. Ова го прави првиот фрижидер во светот што може да се отвори и затвори целосно автоматски - совршенство на кујната без рачки. Вие ги бирате поединечно брзината и аголот на отворање, како и времетраењето до затворање. И доколку е потребно, отворете и затворете го исто толку лесно со рака или паметен телефон.

Екран на допир и лизгање

Користете ги само врвовите на прстите и Liebherr ќе ги исполни вашите команди: Благодарение на екранот на допир и лизгање, лесно и интуитивно ќе управувате со вашиот фрижидер. Одберете функција на екранот во боја, како што е „SuperCool“, само со допирање и лизгање. Исто толку лесно е регулирањето на температурата. Што кога не го користите екранот? Тогаш ви ја покажува реалната температура.

IceTower

Благодарение на капацитетот за складирање на коцки мраз од 5,7 кг, IceTower гарантира дека ладните пијалаци никогаш нема да завршат на вашата забава. Лажицата за коцките мраз и таблата за извлекување на телескопски шини овозможуваат удобен пристап до коцките мраз. Со дополнителниот послужавник, исто така, можете да складирате помали количини мраз и да чувате замрзната храна на долниот дел. Соседната фиока нуди простор за складирање на замрзнати предмети.

ЛЕД-осветлување на IceMaker

Почестете се со малку среќа секој ден: Само погледнете ги вашите свежи коцки мраз. Осветлувањето на IceMaker ги става вашите коцки мраз во центарот на вниманието. ЛЕД-осветлувањето се активира автоматски кога ќе се отвори вратата. Глетката на осветлените коцки мраз е забавна – буди желба за ладен пијалак.

SoftSystem

Од појадок до полноќна закуска – има многу причини да го отворате и затворате фрижидерот. А тоа е навистина е забавно со вашиот Liebherr: Благодарение на SoftSystem, вратата на ладилникот се затвора нежно и безбедно, но и удобно и тивко. Шишињата складирани во внатрешната врата остануваат безбедни – ништо не удира и не тресе.

*

Вредност според глобален стандард (GS)

**

Во согласност со Регулативата ЕУ 2019/2016 година, вкупниот волумен го претставуваме како цел број (заокружен надолу) и волуменот на одделите за замрзнување и свежа храна со едно децимално место. Целосниот спектар на класи на ефикасност може да се најде на страница 9. Според (ЕУ) 2017/1369 6а. Терминот „волумен“ се однесува на терминот „волумен“ споменат во сегашната регулатива.

Имајте предвид: И покрај внимателното одржување на податоците, го задржуваме правото да правиме технички промени и може да има грешки и отстапувања во содржината на сликата и текстот во споредба со оригиналниот апарат.